Site news

Skopje2WEB - веб дизајн работилница

by Boro Jakimovski -

Линк за следење во живо (сабота 09.04.2016):
768Kbps:    mms://194.149.136.84/194.149.136.52_1604090708068a9ff2e0hi.
320Kbps:    mms://194.149.136.84/194.149.136.52_1604090708068a9ff2e0lo.
(за отворање на линковите потребно е да се користи Windows Media Player)


Во тек на април 2016 година, во организација на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ), а поддржано од Град Скопје, започнува тридневна работилница за веб дизајн. На оваа обука можат да учествуваат средношколци од гимназиите во градот Скопје, кои следат втора, трета или четврта година и се заинтересирани да добијат поголемо знаење во делот на веб дизајн и работа со HTML и CSS.

 

Обуката ќе се одржува од 08 до 10 aприл 2016 година, во просториите на ФИНКИ, каде што предавања и работилници ќе бидат одржани од професори и асистенти од факултетот.

Како резултат на оваа обука, учесниците ќе треба да создадат едноставна веб страна која што ќе прикажува информации за некој дел од градот, која што ќе биде информативна и интересна за граѓаните, но и туристите кои што го посетуваат градот Скопје.

По завршувањето на обуката, учесниците ќе имаат работен период од еден месец во координација со професорите, се до почетокот на месец Мај, за секој учесник да ја финализира својата страна. Најдоброто решение ќе биде презентирано на фестивалот : Скопје Креатива 2016. Победникот со најдоброто решение ќе биде награден.



Available courses

Алгоритамско размислување

Алгоритамско размислување

Course